Вонредно прскање против комарци на поплавените подрачја

 

На поплавените подрачја утре вонредно ќе се врши дезинсекција против комарци.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека заради настанатата состојба поврзана со поплавите,  утре, 12.08.2016 година, петок, во периодот од 5 до 9 часот, ќе се изврши вонредна авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, на поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче,Смилковци и другите насели места коишто се поплавени.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 
 
11.08.2016 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега