ДА ДОНИРАМЕ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ: Отворени пунктови во Ѓорче
Отворени два пукнта во Ѓорче Петров за донирање на граѓаните од општината за настраданите делови од градот Скопје.
Граѓаните своите донации ќе може да ги оставаат во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“ од 8:00 до 20:00 часот секој ден. Како што информираат од општината потребни се флаширана вода, гумени чизми, пелени за деца, конзервирана храна и средства за хигиена.
Од општината, исто така, информираат дека до 10 август до општинската Комисија за проценка на штети од невремето поднесени се околу 100 пријави за направена штета на ниво на општината, а комисијата досега посетила дваесетина домаќинства.
Комисија за проценка на штети од невремето во Ѓорче Петров, овластена од Советот на општината е на терен за проценка на штета по пријави од граѓаните и како што информиаат прави напори во најкратот можен рок да се посетат сите поднесители на пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа