Попусти и до 70%: Наредна недела сите во Рамстор
Попусти до 70% започнуваат од 17ти до 21ви август во Трговскиот центар Рамстор. Со слоганот “Дојди правиме чистка” започнува најголемата расподажба во градот Скопје, добро познатата кампања Garage Sale.
“Оваа активност е препознатлива по тоа што попустите се навистина големи. Кај нас станува збор за вистинска распродажба и нешто по што сме препознатливи со Garage Sale. Единствени по концепт и големи попусти, ги повикуваме сите љубители на квалитетниот шопинг, заедно да направиме голема чистка. Ова е одличен начин за секој потрошувачот да купи производи од реномирани брендови по значително намалени цени“, изјави Џеладин Џули, директор на трговски центар, развој и инвестиции на Рамстор мол.
Висината на попустите ќе се достигне и до минус 70 проценти, а во оваа традиционална активност се вклучени сите продавници во трговскиот центар, освен мобилните оператори. Во истиот период и Рамстор супермаркетот во склоп на трговскиот центар ќе има одлично акциско намалување на голем асортиман од своите производи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа