Вечерва отварање на Олимпијадата во Рио

 

Најважниот светски спортски настан може да почне. Земјата на кафето и самбата им кажа добредојде на 11 илјади спортисти и на околу половина милион туристи.

Луѓето се многу среќни. Горди сме што ќе бидеме сведоци на олимпијадата, вели жител на Рио Деженеиро

Но, зад привидниот гламур на разиграниот Бразил се крие суровата реалност на Рио, чиј спортски собир уште пред да почне е прогласен за најлош во историјата. Бизарните проблеми продолжија и последните часови пред отворањето на Олимпијадата на култната Маракана. Организаторите ги загубија клучевите од еден од влезовите на стадионот, очигледно немале резервни, па мораа насила да ја отворат вратата.

Олимпиското село однадвор изгледа примерно, но зад нашминканите ѕидови, барем според спортистите, се крие вистински хорор.  Атлетичарките на Јамајка се последните кои и ја покажаа на јавноста својата соба во изградба.

– Кога дојдовме немаше топла вода, собите беа екстремно валкани и по нив шетаа лебарки. Сега е нешто подобро, изјави Ариц Фернандез, тренер на кану тимот на Шпанија

Но, Американците го немаат овој проблем, особено кошаркарите.  Тие од вчера се вселија во луксузниот крузер „Силверклауд“.  Бродот има 200 соби и од пиле млеко, стакло отпорно на куршуми, за чија безбедност ќе се грижат 250 полицајци во патролни чамци.

За разлика од нив, на обичниот Бразилец не му е до олимпијада. Дури 60 проценти сметаат дека игрите само ќе ја задолжат земјата во услови кога Бразил ја живее најголемата рецесија во последните 80 години. Најтешко им е на 700-ти жители на Рио, чии куќи мораа да бидат урнати, за организаторот да ја сокрие очајната инфратсруктура во центарот на метрополата.

– Ова ми е последен ден во оваа куќа. Тука живеев 20 години. Сега ќе биде уништена поради Олимпијадата, изјави жител на Рио Деженеиро.

За безбедноста ќе се грижат 85 илјади полицајци, игрите ќе траат до 21 август и ќе бидат најефтини досега. Организаторите порачуваат – церемонијата на отворањето нема да биде големо, но ќе биде со вкус и срце. Се очекување да ја следат околу три милијарди луѓе.

 
 
05.08.2016 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега