Ракомет ЕП У-20: Македонските младинци во дуел против Србија
По петте порази, младата македонска репрезентација ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место на Европското првенство за ракометари до 20 години, што се одржува во Данска.
Избраниците на селекторот Александар Јовиќ попладнево од 13 часот ќе играат против соодветната селекција на Србија. Во вториот натпревар за пласман на долниот дел на конечната табела на шампионатот ќе играат селекциите на Русија и Шведска.
Што се однесува до борбата за највисок пласман, денеска ќе се играат полуфиналните натпреваро во кои Шпанија за противник ќе ја има Хрватска, а селекцијата на Франција ќе игра против Германија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа