Натпреварот во чест на Руни ќе се пренесува на Фејсбук, ова е неговата порака (ВИДЕО)
Манчестер Јунајтед и Евертон вечер со почеток од 21 часот ќе одиграат натпревар на Олд Трафорд во чест на Вејн Руни кој директно ќе биде пренесуван на социјалната мрежа Фејсбук.
Корисниците на оваа социјална мрежа ќе може да го следат натпреварот во живо преку страниците на Руни и Манчестер Јунајтед.
Натпреварот е од хуманитарен карактер и ќе се одигра меѓу единствените два професионални клуба за кои настапувал Руни.
-Среќен сум што мечот во моја чест ќе може да се погледне насекаде во светот, се надевам дека ќе ја крене свеста и ќе ги зголеми донациите, изјавува Руни.
03.08.2016 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа