Груевски: Народот е силата која ја создава државата
Денес го славиме народот на Македонија затоа што тој народ ги извојувал победите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор за Илинден.
-Тоа биле македонските херои кои ставале браник на секоја лоша идеја и кои обезбедувале продор на македонското дело и прогрес на македонскиот народ. Народот е силата која ја создава државата и која ја брани и развива таа држава. И денес народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО. Затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината, рече Грувски.
Тој посочи дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.
-Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа