Пазарот во Грција преплавен од шверцуван алкохол од Бугарија

 

Грчкото електронско издание на Репортер предупреди дека пазарот во Грција е преплавен од шверцуван алкохол увезен од Бугарија. Само минатата недела полицијата конфискувала 24 илјади литри шверцуван алкохол, што со камион-ладилник биле пренесени од Бугарија, без неопходните царински и даночни документи.

Постојаниот доток на шверцувани количества алкохол од соседните земји и растечкиот број конфискации и апсења сведочат за присуството на нелегалната трговија, што се претвори во феномен што почна цвета од 2009 година, односно откако властите во Грција повеќекратно ја зголемија стапката на специјалниот данок на алкохолни пијалоци.

Шверцуваните пијалоци доаѓаат главно од Бугарија, Македонија, Албанија, Романија, Италија и Кипар, наведува Репортер.

ФОТО: Денешен

најчитано сега