Карлеуша исфрлена од ноќен клуб во Будва - ја нападнал вооружен маж?

 

Српските портали пренесуваат дека српската пејачка Јелена Карлеуша била избркана од ноќен клуб во Будва поради своето лошо однесување, но порталот пресонлајн.рс пишува дека всушност причината поради која Јелена го напуштила клубот било тоа што вооружен маж во еден момент тргнал кон пејачката додека таа имала настап на сцената.

Карлеуша која пеела за гостите била замолена да го прекине настапот, но не се симнала од сцената, по што еден маж вооружен со пиштол тргнал кон неа, но за среќа обезбедувањето на пејачката спречило да дојде до трагедија.

Сепак, порталот Курир има друга приказна за овој настан. Имено, Карлеуша каснела на настапот, била нервозна и се и сметало, имало непримерна кореографија со оглед на тоа што меѓу гостите имало и деца, не сакала да направи пауза....па затоа поради своето однесување била исфрлена.

Карлеуша за инцидентот се огласи на Твитер: - Ма нека ме убијат веќе, ова изгледа стана нормално. Кога нешто ќе ми се случи, никој нема да се чуди..

 

најчитано сега