ФОТО: „Сите во кајак“- кампањата на клубот „Илинден 90“ прифатена во јавноста
Сите во кајак, кампањата која започна во месец јуни, а ја спроведува најуспешниот македонски кајакарски клуб Илинден 90 е со задоволство прифатена од пошироката јавност, а посебно од најмладите.
Ова е период од годината кога младите се на заслужен одмор и во кој спортовите на вода нудат можности за уживање и рекреација.
Традиционално под покровителство на Градот Скопје и Кајакарската Федерација повеќе од 500 граѓани од сите возрасти во деновите понеделник и среда од 18-20ч, под стручен надзор на тренери со меѓународно искуство и со опрема обезбедена од клубот имаа можност преку апликацијата www.sitevokajak.mk да се пријават за бесплатни часови по кајак.
Можноста ја искористија и сите оние кои дојдоа во Градскиот Парк во Скопје, на езерцето спроти јужната трибина на Арената Филип II.
Акцијата продолжува во текот на целото лето, при што и на повеќе локации низ Републиката се одржуваат еднодневни промотивни настани во соработка со единиците на локална самоуправа.
За најупорните и сите заинтересирани да се занимаваат со овој спорт во кој Република Македонија од осамостојувањето до денес имаше претставници на Олимписките Игри клубот обезбеди и специјални тренинзи и можности за зачленување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа