Мислевме не може полошо: Нов дебакл на македонските јуниорки на ЕП

 

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе и третиот убедлив пораз во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Сараево.

Откако избраничките на селекторот Горјан Стојановски, загубија од Грција со 21 поен разлика, Ирска 61, попладнево загубија од Естонија со 68 поени разлика

Во натпреварот од 3.коло на Ц групата црвено-жолтите беа убедливо поразени од Естонија со 94:26 четвртини 32-4, 28-6, 18-6 и 16-10.

Утре, во последното коло од групата македонските јуниорки ќе играат против селекцијата на Англија.

 
 
26.07.2016 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега