СКАНДАЛ: Арената Филип Втори прекрстена во Адем Јашари
Арената „Филип Втори“ е прекрстена во „Адем Јашари“ барем за навивачите на Шкендија. Во најавата за мечот од 3 квалификациско коло против Млада Болеслав во четврток, на официјалната страна на Балистите на Фејсбук пишува дека се игра на Арената „Адем Јашари“.
- Сите заедно да ја испишеме историјата - арена „Адем Јашари“, стои на официјалниот плакат за натпреварот со напомена дека збирното место ќе биде на плоштадот „Илирија“ во Тетово.
Адем Јашари е основач на УЧК и еден од најголемите џелати на Србите во Косово. Тој е херој за Албанците во Косово, Македонија и Албанија. Јашари беше убиен од српската војска во 1996.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа