ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја нарушува финансиската стабилност
Единствена цел на СДСМ е да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија според мотото „колку полошо за Република Македонија и нејзините граѓани, толку подобро за СДСМ“, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ од каде апелираа инволвиранитев раководни лица да не учествуваат во натамошната постапка за издавање нова евробврзница.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ прави уште едно финансиско злосторство со обидот преку закани, лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава.
СДСМ, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, цело време очајно се обидува да изврши упад во финансискиот систем со намера да ги спречи инвестициите во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти од кои бенефит имаат сите граѓани на Република Македонија.
- СДСМ ова го прави бидејќи не сака просперитетна Македонија, туку Македонија каква што СДСМ ја остави зад себе - во пустош, со нула инвестиции и рекордно високо ниво на невработеност. Парите со кои располагаше СДСМ испарија во џебовите на партиските функционери и не беа вложени во ниту една капитална инвестиција, се вели во реакцијата и се истакнува дека за СДСМ за „финансиското злосторство врз државата сметката ќе ја добие на наредните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа