400 парцели за „Купи куќа за млади“ во општина Аеродром
Општина Аеродром ги изработува ДУП-овите во Долно и Горно Лисиче за проектот „Купи куќа за млади“.
Градоначалникот Ивица Коневски на денешниот состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на кој се разгледуваше спроведувањето на проектот Купи куќа за млади и градбите на индустриските зони информираше до каде е постапката и колку градежни парцели се наменети за овој проект.
-Општина Аеродром обезбеди вкупно 400 парцели за проектот „Купи куќа за млади“. Двесте се во Долно и исто толку во Горно Лисиче. Во Горно Лисиче се работи на два плана. До крајот на годината ДУП-овите ќе бидат донесени, информираше Коневски.
Во врска со индустриската зона, тој додаде дека веќе постои една меѓу Долно и Горно Лисиче покрај патот каде веќе има фирми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа