„Скопско лето" со интересни содржини вечерва
Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Даут-пашин амам концерт ќе одржат млади таленти од Факултетот за музичка уметност, во организација на Здружението за промоција на класична музика и и едукација „Проарт маркетинг“ од Скопје.
На концертот, кој е насловен „Музиката – заедничка страст“, ќе бидат изведени композиции од Верди, Пјацола, Паганини, Дебиси…
Ќе настапат флејтистките Богдана Бушевска и Тамара Џајковска, гитаристите Стефан Волчевски и Оскар Ереш, пијанистките Анастасија Грговска и Марија Николовска, Симона Богоевска на харфа, Билјана Камчева (флејта и соло пеење) и Ивана Стојановска (соло пејач).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа