Фудбалска треска во Македонија - еве колку билети се продадени за мечот Вардар- Динамо Загреб

 

Повеќе од 25.000 навивачи се очекува да го поддржат македонскиот шампион Вардар во желбата да стигне до резултат со кој дополнително мотивиран ќе го очекува реваншот за седум дена во Загреб како би стигнал до третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Огромна е желбата и кај најверните вардарови навивачи „Комитите“, и кај македонските фудбалски вљубеници и кај сите фудбалери на „црвено-црните“ да се стигне до триумф вечерва против хрватскиот шампион. Токму, огромен импулс за сето тоа треба да биде и поддршката од трибините на нашиот најголем стадион.

Според последните информации кои ги објави спортскиот портал ЕКИПА, продадени се веќе околу 20.000 билети за денешниот натпревар во Скопје, но очекувањата се дека ќе има околу 25.000 фудбалски фанатици на трибините на „Филип Втори“

 
 
12.07.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега