Најдобриот фудбалер на Дино има сериозни здравствени проблеми
Најдобриот фудбалер на загрепски Динамо, Марко Пјаца има здравствени проблеми пред мечот со Вардар во 2.коло во квалификациите за Лигата на шампиони.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Пјаца изминатите неколку дена воопшто не тренирал. Имено, по настинката која се провлекувала уште за време на подготовките, тој сека има проблеми со синусите.
- Неговата настинка продолжи и во Загреб, а имаше и проблеми со синусите, па не тренираше нормално со останатите од тимот. Но, се надевам дека лекарскиот тим ќе го оспособи навреме за натпреварот, изјавил за медиумите во Хрватска, тренерот на Динамо, Златко Крањчар.
Тој заедно со останатите фудбалери допатува во Скопје, каде попладнево на Националната Арена „Филип Втори’’ најнапред од Динамо ќе одржи прес-конференција (од 19:30 часот), а потоа ќе го одржи единствениот тренинг пред мечот со Вардар, кој ќе се игра од 20 часот и 45 минути
11.07.2016 - 18:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа