ШОК: Ѕвездата на Реал Мадрид ја завршува кариерата поради срцеви проблеми
23 годишниот Лукас Силва објави крај на кариерата, пренесуваат светските медиуми.
Младиот бразилски играл пристигна во Реал Мадрид минатата година за 14 милиони евра од Крузеиро. Силва лани беше на позајмица во Марсеј, каде одигра 22 натпревари. Реал Мадрид планираше да го прати на нова позајмица во Спортинг.
Шпанските медиуми пишуваат дека се било договорено меѓу клубовите и лекарскиот преглед требало да биде формалност, за да потпише со португалскиот клуб.
Но, тестовите покажале дека Лукас има срцеви проблеми.
Ниту играчот ниту клубот сеуште не потврдиле службено, но младиот Бразилец на Инстаграм најави дека е крајот.
„Со борев добро, но сега е готово...“, пиша тој.
Во Реал се надеваат дека Силва ќе биде замена за Модриќ во иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа