Хаос во фан зоната под Ајфеловата кула: Полицијата користеше солзавец и водени топови (ВИДЕО)
Француската полиција беше присилена да интервенира во фан зоната по Ајфеловата кула откако неколкумина незадоволни навивачи почнаа да прават нереди.
Според француските медиуми полицијата во еден момент го затворила влезот на фан зоната поради преголемиот број луѓе, а на тој потег на полицијата бурно реагирале навивачите кои останале надвор.
Не требало многу за да настане хаос. За да ја смири масата, полицијата користела водени топови и солзавец, додека навивачите за да се осветат палеле контејнери по улиците.
Première utilisation du canon à eau à l'instant. #TourEiffel #FRAPOR #Euro2016 pic.twitter.com/KlB4yVx9Qq
— Remy Buisine (@RemyBuisine) July 10, 2016
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа