Португалија ја освои титулата нов европски фудбалски шампион

 

 

Фудбалската репрезентација на Португалија за прв пат во историјата ја освои титулата шампион на Европа, откако синоќа во финалето на „Стад де Франс“ во Сен Дени ја победи Франција со 1:0 по продолженија.

Стрелец на голот вреден трофеј на ЕУРО 2016 беше Едер во 109.минута.

Домаќините ја прекинаа доминацијата кога се организатори на големи натпреварувања. Тие иако имаа повеќе шанси, не успеаја да ја затресат мрежата на одличниот португалски голман Руи Патрисио.

Голем пех за Португалците се случи во почетната фаза од натпреварот кога по еден старт на Димитри Паје, се повреди Кристијано Роналдо. Тој десетина минути проба да игра, но веќе во 25.минута мораше да го напушти натпреварот, бидејќи неговото лево колено не издржа.

Натпреварот по основните 90 минути заврши без постигнат гол и ова беше вкупно шесто реми на седумте натпревари што новиот шампион ги одигра на ЕП во Франција.
Единствената победа по основниот дел „Европските Бразилци“ ја извојува над Велс во полуфиналето, а претходно нерешено одиграа во групната фаза со: Исланд (1:1), Австрија (0:0), Унгарија (3:3), во осминафиналето со Хрватска (0:0), и со Полска (0:0) во четвртфиналето.

Португалците се вкупно десеттата земја која победила на континенталните натпреварувања.

 
 
11.07.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега