Западнонилската треска зема замав во Србија - заболени 9 лица

Оваа година во Србија се регистрирани девет случаи на западнонилската треска. 

Вирусот се пренесува преку комарците и во поголем број на случаите болеста може да помине без симптоми, но најчести симптоми доколку веќе ги има се  висока температура, треска, главоболка, гадење и малаксаност.

На белградската Клиника за инфективни и тропски болести минатата година биле лекувани 58 пациенти, а десет го загубиле животот.

најчитано сега