Кичево: Осумнаесетгодишник загина при судар на автомобил и цистерна

 

Утрово во 5 часот во Кичево на крстосницата од магистралниот пат и улицата „Борис Кидрич“ се случила тешка сообраќајка.

До несреќата дошло кога се судриле возило марка „мерцедес“ управуван од 19-годишниот З.А. и цистерна управувана од страна на 46-годишниот кичевчанец  Ј.Ш..

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на деветнаесетгодишното момче, 18-годишниот Ваид В. кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде за жал им подлегнал на повредите.

Другите повредени лица биле веднаш однесени во медицинскиот центар во Кичево.

најчитано сега