Во БиХ невидени горештини со температури до 50 степени
Според најавите на метеоролозите, температурите во БиХ во следниот период ќе достигнат и до 50 степени Целзиусови.
Во Сараево се очекуваат температури од 35 степени, а во Мостар дури 40 степени.
Од Федералниот хидрометеоролошки завод предупредуваат дека оваа недела и натаму ќе бидат регистрирани високи дневни температури, кои во некои градови ќе достигнат и до 50 степени, соопштувајќи дека БиХ ќе ја зафати вториот од четирите најавени топлотни бранови оваа година.
Со измерени 38 степени, Мостар вчера неше најтоплиот град во земјата.
Метеоролозите истакнуваат дека за подрачјето на Мостар и Вишеград е вклучен метеоаларм, кој предупредува дека времето е опасно, а можни се и човечки жртви, па затоа на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и редовно да се информираат за очекуваните временски услови