Новинар на Си-ен-ен го прогласи Тито за диктатор

 

Новинар на Си-ен-ен направи сторија за објекти кои припаѓале на автократските владетели а кои станале многу популарни туристички атракции, па во ист кош со диктаторите Мусолини, Сталин, Хитлер, го смести и Тито.

-Дали шетањето низ овие места е поврзано со почитување на диктаторите или тоа е уште една историска лекција? Или служи на тоа да им се оддаде почит на жртвите кои страдале под тие режими- пишува Дејвид Вајтли.

На својата листа на имоти на диктатори нвинарот го смести и Јосип Броз Тито. На неговата листа, како прв објект вреден за посета се споменува алпското издание „Орлово гнездо„ во кое Хитлер ги подготвувал своите планови за време на Втората Светска војна, но и  „Волјчата дупка„ во Полска, една од првите скривници на Хитлер на источниот фронт, како и градот Сочи каде била сместена летната резиденција на Сталин.

 

најчитано сега