БРАВО: Македонија оди на Светско првенство

 

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде дел од Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Франција. Со големата победа остварена над Чешка, нашите ракометари го продолжуваат континуитетот на настапи на големите натпреварувања во случајов Светското првенство.

Македонија во Скопје го доби реванш дуелот во баражот против Чешка со седум гола разлика 34:27, со што ја анулира негативата од шест гола по првиот меч одигран во Злин, што заврши со резултат 28-22.

Поддржани од шестилјадната публика, присутна во СЦ „Борис Трајковски’’, црвено-жолтите веќе во 16-минута ја анилира негативата, а во 19-тата Македонија имаше и осум гола предност 13:5, која ја задржаа до крајот на полувремето 19:11.

Во вториот дел. Нашите ракометари имаа и највисоки десет гола предност. Чесите не се предаваа и постојано одржуваа притисок до самиот финиш, но со голот на Мојсоски на седум секунди до крајот, црвено-жолтите ја оддржаа посакуваната разлика.

Најефикасен во нашата селекција беше Дејан Манасков со 11 гола, а капитенот Кирил Лазаров средбата ја заврши со 8 гола.

Овој натпревар беше последен за долгогодишните репрезентативци Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски, во репрезентацијата која сега ќе има повеќе време комплетно да се подмлади, пред новиот настап на завршницата на Мундијалот во Франција.

 
 
15.06.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега