Во недела свечено отварање на Паркот на бранителите во Драчево
Во недела во 20 часот и 30 минути свечено ќе биде отворен Паркот на бранителите во Драчево.
Изградбата на Паркот н а бранителите започна на почетокот на годинава, а со комплетирањето на фонтаната паркот доби ново руво. Се протега на површина од 1225 квадратни метри, а во централниот дел е изградена шестоаголна армирано-бетонска фонтана со дијаметар од 8 метри. Во централниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена скулптура излиена во бронза со висина од 3 метри, дело на академскиот скулптор Димитар Филиповски.
Општина Кисела Вода ќе им оддаде должна почит на шесте бранители од Општина Кисела Вода, кои ги положија своите млади животи во конфликтот во 2001 година со овој парк.
ФОТО: Плусинфо