Нова трагедија ја потресе фудбалската репрезентација на Хрватска

 

Капитенот на хрватската репрезентација Дарио Срна вчера вечерта се врати во кампот во рамки на ЕУРО кое се одржува во Франција, по погребот на својот татко. Но, веќе следниот ден Маријан Мрмиќ ја напушти репрезентацијата. И тренерот на голманите остана без својот татко.

Откако ги започнаа подготовките за Европското првенство, „Коцкестите“ ги погодија четири случаи во кои играчи или членови на репрезентацијата загубија свои блиски.

На подготовките Калиниќ дозна дека починал таткото на неговата сопруга, а потоа на Домагој Вида му починал вујкото.

Дарио Срна остана без својот татко по победата на Хрватска против Турција, а Мрмиќ си замина од Франција два дена пред натпреварот со Чешка.

-Многу добро знаеме дека сме едно големо семејство, кога некој ќе изгуби член од семејството и на нас ни е тешко. Тоа ќе ни биде уште поголем мотив за капитенот да одиграме подобро, изјави денес Вида на прес конференцијата.

Инаку, само три дена по преземањето на репрезентацијата, селекторот Анте Чачиќ остана без својата мајка.

 
 
15.06.2016 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега