Косовски Албанец го загуби животот борејќи се во Сирија
Косовскиот Албанец, Атде Дева, кој се борел во Сирија на страната на бунтовничкото движење „Јабха ал Нусра“, загинал при судири со владините сили.
Како што пренесуваат косовските медиуми, Дева, студент на Техничкиот факултет во Приштина роден од Пеќ, бил посветен на религијата и пред неколку месеци заминал за Сирија.
Од ноември минатата година, кога во борбите во Сирија беше убиен првиот Албанец, Наман Демоли од Приштина, до сега во оваа блискоисточна земја животите го загубија најмалку 12 Албанци. Деветмина од убиените се од Косово, јужна Србија или од Албанија, еден од Македонија, а двајца се Албанци со сириско државјанство.
Косовските медиуми јавија дека во Сирија на страната на бунтовниците се борат најмалку 140 Албанци од Албанија, Косово и од јужна Србија.