Червар направи промена во тимот за возвратниот дуел со Чешка

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар, направи една измена во тимот со кој ќе игра во реванш мечот со Чешка, во однос на оној кој во саботата загуби на гостувањето во Злин со шест гола ралика 28-22.

Голманот Златко Даскалоски ќе се најде во тимот на местото на голманот на Бенфика, Никола Митревски. Така покрај Борко Ристовски шанса ќе добие Даскалоски во единстенета промена од првиот бараж натпревар.

- Се одлучив да му дадам шанса на Даскаловски, кој брани во добра форма во текот на целата сезона. Тој ќе го заземе местото на Митревски, што воедно ќе биде наша единствена замена во составот против Чешка, изјави Червар.

Во тимот повторно ќе го нема младиот бек на Металург, Филип Кузмановски, кој како и првиот, трака и вториот меч против Чешка ќе ги пропушти поради повредата на грбот.

Реванш натпреварот за пласман на Светското првенство во Франција на почетокот на годината, меѓу Македонија и Чешка ќе се игра утревечер во СЦ „Борис Трајковски’’ со почеток од 20 часот. 

 
 
14.06.2016 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега