Македонија поразена од Чешка

 

Пораз со шест голови разлика забележа македонската ракометна репрезентација попладнево на гостувањето во Злин во првиот од двата дуела во баражот за Светското првенство 2017.

Домаќинот Чешка победи со 28:22 и ги доведе „црвено-жолтите“ пред тежок предизвик за анулирање на негативата на реваншот.

Македонија беше рамноправна само во првите 15 минути, а потоа следуваа минути на Чесите кои го преземаа водството и постепено го зголемуваа за на полувреме да отидат со плус 4 (14:10).

На почетокот на второто полувреме, Македонија заигра поангажирано и се доближи до 17:15, два разлика беше и некаде кон средината на вториот дел. Тогаш домашните ракометари направија серија од три гола и отидоа на пет позитива (22:17). На три минути пред крајот Чешка ги имаше највисоките 27:20, а до крајот македонските ракометари од негативата намалија само еден погодок.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен во нашиот состав со осум гола (пет од пенал), Гоце Георгиевски постигна четири, исто колку и Миркуловски, но сите имаа слаб процент на реализации, исто како и голманите Борко Ристовски и Никола Митревски кои заедно имаа само седум одбрани.

Реваншот е закажан за в среда (15 јуни) во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.

 
 
11.06.2016 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега