ВИДЕО: Уругвај изгуби од Венецуела, Суарез „полуде“ на клупата

 

Луис Суарез полуде на клупата за резервни играчи во поразот на Уругвај против Венецуела со 1:0.

Саломон Рондон го постигна единствениот гол на натпреварот со што го остави Уругвај без освоен бод во групата Ц, и со само уште еден натпревар против Јамајка, 15-пати победниците на Копа Америка немаат шанси да стигнат до четврт-финалето.

Суарез го пропушти поразот против Мексико од 3:1 поради повреда и иако беше на клупата против Венецуела, напаѓачот на Барселона не влезе во игра.

Суарез се загреваше во второто полувреме, но по третата измена на Уругвај, поранешниот напаѓач на Ливерпул се соочи со тренерот Оскар Табарез пред да го удри страничното стакло од клупата. 

 

 

 
 
10.06.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега