Билетите за Македонија-Чешка утре во продажба - ова се цените
Ракометната федерација на Македонија утре точно на пладне почнува со продажбата на влезниците за бараж-натпреварот за Светското првенство 2017 што македонската репрезентација ќе го игра против Чешка.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 јуни 2016 со почеток од 20 часот.
Влезниците ќе може да се набават во сите продажни места на МК Тикетс по цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).
Овој дуел ќе претставува реванш од бараж-двомечот откако првата средба ќе се одигра во Злин на 11 јуни, а победникот ќе обезбеди учество на Светското првенство во Франција 2017 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа