Купете си стан во Солун за само 300 евра квадрат

 

Становите и куќите во Солун никогаш не биле поевтини, освен за време на германската окупација во Втората светска војна, кога можело да се купи стан во замена за кофа со нафта, како што тврдат локалните посредници.

Така сега, стан во Солун може да се најде и за само 300 евра по квадратен метар, што предизвика голем интерес кај нашите купувачи, кои од 2011 година можат слободно да купуваат недвижен имот во таа земја.

Како што одите поблиску до периферијата, становите се  поевтини, па нивната цена се движи од 700 до 800 евра по квадратен метар, објавува весникот „Нова Македонија“, додавајќи дека неодамна една скопјанка во предградието на Солун, купила два стана од 35 квадратни метри за 24.000 евра.

Становите со површина од 40 до 50 квадратни метри, се нудат по цена од 28.000 до 35.000 евра, што е многу поевтино од изградба на нова куќа која ќе чини 2.500 евра по квадратен метар, според агентите за посредување.

Колку се куќите и становите постари, тие се поевтини, бидејќи сопствениците најчесто неможат повеќе да ги одржуваат, но може да се најдат и станови во многу добра состојба по пристапни цени.

најчитано сега