Лекарите денеска на масовен штрајк во Грција
Од денеска сите вработени во државните болници во Грција ќе стапат во 24 часовен штрајк против реформите во здраствениот сектор. Ваквиот штрајк беше на повик на синдикатите, а поради истиот институциите ќе примаат само итни случаи.
Штрајкот дојде како резултат на реформите во здравството, кои предвидуваат спојување и затворање на болници и кратење на персоналот.