Заев против Македонија

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не бира средства во битката која ја води против се што е македонско. За да ја исполни својата идеја да дојде на власт без избори, Заев се бори против Македонија, анализира Курир.мк 

Овој политичар ја втурна нашата земја во голема политичка криза, а последиците од истата ја чувствуваат сите граѓани на Македонија. Заев покажа дека не му е ни најмалку грижа за интересите на народот и тој дејствува само за лична корист.

Тој води лажна битка за демократија и слобода и уште полажно тврди дека се бори за Македонија. Партискиот лидер од Бихаќка се бори против Македонија.

zaev111

Откако го држеше народот во заложништво со нелегално прислушкуваните материјали, Заев ги поттикна своите поддржувачи да излезат на улица на насилни протести. Тие поддржани и водени од него, а неколку пати и придружувани, дивејат низ улиците и уништуваат се пред себе. На нивните протести се удира и по македонската полиција.

huligani

„Шарената револуција“ плукна изминатиов период врз се што е македонско. Заев поддржува насилие и хулиганство низ Скопје, па и тој застана рамо до рамо со насилниците, удираше со боја врз институции и даде изјава дека сево ова било перформанс. Уништувањето на спомени од македонската историја, удирање кон полиција и рушење, за човекот кој претендира да стане премиер, било перформанс.

Освен по честа и достоинството на граѓаните, Заев и неговите хулигани удрија и по најголемото наследство-историјата. Удри по споменот на загинатите херои, на децата бегалци, на Асномците…

porta1

Првична штета од 250.000 евра

250 илјади евра првично ќе ја чини државата штетата која е нанесена на културно историските споменици и институциите по повеќе од едномесечните протести на опозициските организации. Се уште се вршат проценки на оштетените објекти и се очекува оваа сума да биде уште поголема. Само вечерва хулиганите на заев направија огромна штета целосно боејќи ја грандиозната фонтана со Воинот на коњ.

Со поддршка на Заев, од почетокот на протестите, демонстрантите најпрво ја запалија канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на градот, а првичната штета се проценува на околу 8500 евра. Цел на вандалите беа и државните институции. Најпогодена во дивеењето на оние кои протестираа е Порта Македонија. Боја се фрлаше и по згради на министерства и други институции.

sarena revolucija

Според првичните проценки штетата на оградата на мостот „Слобода“ се проценува на околу 50 илјади евра. Приближно истата штета е предизвика и врз спомениците на АСНОМ, паднатите херои, лавовите и другите обележија. Министерството за култура 30 илјади евра. Се уште се проценува штетата врз фонтаните и плоштадот и Агенцијата за вработување. Дополнителни проценки ќе се прават и за новооштетените објекти, но штетата секако е огромна.
voin-na-konj-fb
 
 
 
 
03.06.2016 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега