Измамен прилепчанец остана и без автомобил и без пари

Се работи за 60-годишниот И.Љ. од селото Балиндол - гостиварско кој лажно прикажувајќи дека е роднина на две лица од Прилеп, го довел во заблуда А.П. од Прилеп да склучи нов договор за продажба на патничко возило марка „форд мондео“ со истиот, кое тој претходно им го продал на неговите наводни роднини.

Гостиварчанецот возилото го превзел во владение заедно со сообраќајната дозвола и го префрлил на негово име, без притоа да доплати уште 36.000 денари од договорениот износ за продажба на возилото. 

најчитано сега