Ванизелос: Вистински веруваме во евроатланската перспектива на нашата соседна земја

 

Вчера министерот на Македонија за надворешни работи, Никола Попоски, се сретна со својот грчки колега Ванизелос во Брисел. Се разговарало за повеќе теми, како и за спорот со името.

- „Воопшто не беше случаен фактот што на средбата што ја имав со господинот Попоски имавме можност да потенцираме дека Грција верува вистински во евроатланската перспектива на нашата соседна земја. Но, ова потребно е да биде изградено врз здрава и јасна основа за взаемна корист“ , вели вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, пренесе Канал 5.

Ванизелос се сретнал и со еврокомесарот за проширување на на ЕУ, Штефан Филе.

најчитано сега