Собранието ја продолжува 66. седница

 

Денеска во собранието на Република Македонија ќе се одржи продолжението на 66. седница.

Пратениците ќе гласаат по Предлог-законот за поддршка на домашната музичка продукција во прво читање, чија расправа заврши вчера.

На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување на Законот за државните службеници, за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, за изменување на Законот за земјоделското земјиште, за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, за изменување и дополнување на Законот за виното, за изменување и дополнување на Законот за судски такси, и за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесен од група пратеници, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат по предлог-законите за заштита од пушењето, за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, за роковите на подмирување на паричните обврски, сите во прво читање, поднесени од пратеникот Ивон Величковски.

На дневен ред на седницата се и годишните извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот за осигурување во Република Македонија во 2012 година, за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2012 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2012 година, Годишниот извештај за работењето и извршените ревизии на Државниот завод за ревизија во 2012 година, Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2012 година, како и Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој за 2012 година на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Во рамки на 66.седница пратениците ќе ги разгледаат и предлог одлуките за користење на средства од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија за 2012 година, за давање согласност на Предлогот за изменување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2013 година и за давање согласнот на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

најчитано сега