Центар го отстапи одржувањето на спомениците на Град Скопје

 

Советниците на општина Центар на денешната седница едногласно одлучија чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен-обележјата од проектот „Скопје 2014“ од оваа локална самоуправа да му го отстапат на Град Скопје.

Како што информира општина Центар, само за одржување на фонтаната на Александар Македонски и двете фонтани во Вардар во изминатиот годишен период се потрошени околу 145.000 евра, од кои 35.000 евра само за струја.

За одржување на сите споменици и фонтани, не вклучувајќи ги плоштадите „Пресвета Богородица“, „Карпошово востание“, мостовите „Око“ и оној на уметноста, Општината на годишно ниво има трошок од околу 255.000 евра.

За физичкото обезбедување, општината за период од две години ќе треба да плати речиси 60.000 евра. За одржувањето на вечниот пламен во паркот „Жена-борец“ општинската каса треба да е покуса за 7.000 евра, а две полнења на резерватот во период од шест месеци чини околу 3.500 евра.

Ова, како што е наведено во соопштението, се смета како предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општина Центар според одредбите на Законот за локална самоуправа, а меѓусебните права и должности да се уредат со договор што ќе го склучат двајцата градоначалници.

најчитано сега