Невремето во кумановско направи штета од 27 милиони денари

 

Над 27 милиони денари е штетата од поплавите што го зафатија Кумановско во феврауари годинава, стои во Извештајот што денеска го усвои Советот на општината.

- Штетите по населбите, селата и улиците се 20.692.681 денари, додека на земјоделските култури, добитокот, живината и обработливите површини 1.629.534 денари. Општина Куманово за згрижување 196 лица во спортските сали на две основни училишта и чии домови претпрпеа штета од излевањето на реките одвои милион денари, изјави Зоран Павловски од Секторот за локален економски развој.

До Општината пристигнаа 495 барања, најголем дел од граѓаните. На терен се седум комисии.

ФОТО: Таратур 

 

најчитано сега