Македонски бизнисмени, претприемачи и директори се стекнаа со нови искуства во Канада

 

Македонија 2025 како дел од едукативната програма за извршни директори организираше работната посета на Торонто, Канада. Група македонски извршни директори, претприемачи и претставници на бизнис секторот оствари значајни работни посети во некои од најуспешните канадски компании, Сириус Икс Ем Канада, Микрософт Канада, Телус Интернешнел, Магна Интернешнел, Сиарс Канада, Сапуто Инкорпорејтед и Канадиан Бомбардиер.

Целта на посетите беше стекнување нови искуства и знаења од бизнис процесите и начинот на работа на овие компании, остварување контакти за идна соработка, промоција на трговска размена и промоција на Македонија како дестинација за странски инвестции.

- Програмата беше одлична комбинација од академско и практично знаење и поврзување. Инструкторот воспостави одлична интеракција меѓу учесниците на програмата, а се водеа и многу квалитетни дискусии, вели Лидија Нануш, извршен директор на Дилоит Македонија.

Македонија 2025, како што соопшти, е исклучително задоволна од струдиската програма во Торонто и се надева дека стекнатото знаење и искуство ќе им помогнат на македонските бизнис професиналци за успешно работење и подобрување на одредени деловни сегменти.

најчитано сега