Кордалов: Политичарите погрешно дејствуваат со кампањите на социјалните мрежи
Политичарите кај нас на погрешен начин му пристапуваат на интернет просторот, односно на социјалните мрежи, смета експертот за социјалните мрежи Бојан Кордалов.
-Политичарите тропаат на врата кај една поинаква публика на социјалните мрежи. Не треба таму да се пласираат дневни настани и тековни посети. Стратегијата им е погрешна, бидејќи тој простор не е телевизија, туку си бара поинаков и поинтересен начин на пристапување и рекламирање, вели Кордалов.
Тој смета дека социјалните мрежи станале параван за проширување на информации, што, според Кордолов, е негативно.
-Се што не може јавно да се каже, се споделува на социјалните мрежи, па медиумите се повикуваат на истата и велат „објавено на социјалните мрежи“. Обично ако луѓето немаат храброст да го кажат го објавуваат на интернет, поточно на социјалните мрежи, вели Кордоло
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа