Извлечени двојките за полуфиналето во Лига Европа

 

Шахтјор-Севиља и Виљареал-Ливерпул се полуфиналните двојки во второто по квалитет европско клупско натпреварување - Лига Европа.

Ова е исходот од денешната ждрепка одржано во седиштето на УЕФА во Нион.

Украинскиот Шахтјор Доњецк ќе биде противник на актуелниот шампион во ова натпреварување Севиљам која ќе атакува на хет-трик, односно на својот петти трофеј, трет во низа. Андалузиската екипа во два наврати, беше најдобра во две последователни години. Првите два трофеи ио освои 2006 и 2007, а тој успех го повтори и во изминатите две сезони, 2014 и 2015 година.

Овие две екипи досега се сретнале само на два меча и тоа во 1/16-финалето од тогашниот УЕФА куп во сеоната 2006/2007, кога Севилја подоцна стигна до својот втор трофеј.

Виљареал и Ливерпул ќе играат првпат меѓусебно.

Шпанската екипа Виљареал е тимот со најмногу постигнати голови сезонава во ЛЕ (82), а заедно со Ливерпул се двете единствени екипи кои до полуфиналето во ова натпреварување стигнаа без загубен натпревар.

Првите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 28 април, додека реванш дуелите на програмата се на 5 мај.

Финалето во Лига Европа сезонава ќе се игра на стадионот „Сент Јакобс“ во Базел на 18 мај.

 
 
15.04.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега