Груевски до Заев: Ни јас, ни народот нема да ти дозволиме да го реметиш мирот
Изминатите два дена гледаме изблици на агресија, насилство, вандализам, и нескриена намера за продлабочување на кризата и нов стадиум на конфликтност во Македонија од страна на претседателот на СДСМ, рече Никола Груевски во своето обраќање.
-Додека неговите луѓе организираат насилство кон полицијата, кон граѓаните и институциите, тој во јавноста како што сме навикнале да го гледаме, ладнокрвно како и во други прилики повикува на конструктивност. И така вчера го видовме овој човек кој е познат по тоа дека во две различни реченици знае да каже две спротиставени работи, да повика на конструктивностцво првата реченица, а веќе во втората онака спонтано и лефтерно да спомни дека на државата и следи украинско сценарио, што значи илјадници мртви и повредени, вртоглав пад на економијата и други последици. И ова ни го кажа лефтерно и со нескриен ентузијазам. И се тоа со една единствена цел, само да дојде на власт без подршка на мнозинството граѓани, рече Груевски.
“Сакам да му се обратам: додека стојам нема да ти го дозволам тоа. Ни јас, ни народот! И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата. Престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на граѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш со народот на избори. Доста бараш изговори“, заклучи Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа