Хорор ја потресе Македонија: Земја затрупа работник - починал на лице место

 

Страшна несреќа ја потресе Македонија откако вчера во 11 часот и 30 минути на улицата „Мирче Ацев“ во Велес, земја затрупа работник. Според податоците од полицијата, се работи за 37-годишниот И.А. со привремен престој во Велес, вработен во ДООЕЛ „Афион“, кој при изведување градежни работи, бил затрупан од поголема количина земја и камења по што починал. 

Тој работел на потпорен ѕид и во момент кога влегол во ископаниот дел врз него паднала поголема количина на земја и камења, која го затрупала. Вработени во наведената фирма го извлекле, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа полицијата.

Телото на работникот е дадено на обдукција.

 
 
12.04.2016 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега