Затвореник преживеал хорор во затворот во Штип - тој веднаш е пренесен на Клиника
Вчера во 19:20 часот во Полициската Станица во Штип, еден вработен во Затворот телефонски пријавил дека е пронајден затвореник кој бил повреден и истиот веднаш е пренесен на Клиника во Штип.
Полициски службеници констатирале дека се работи за затвореникот Ш.Ш. (40) од село Нераште, општина Теарце, кој појаснил дека пред ќелијата во затворот се лизнал и паднал.
Доктор констатирал тешки телeсни повреди скршена носна коска и скршеница на ребро од десна страна.
11.04.2016 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа