Ограбена црквата „Св.Ѓорѓија Победоносец“

 

Над 3.000 денари штета причиниле засега непознати сторители по тешката кражба што ја извршиле во црквата „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во тетовска Мала Речица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, кражбата се случила меѓу сабота и недела така што непознатите најверојатно со клуч или со друг подесен предмет ја отвориле влезната врата од црквата и од касата поставена во близина на една од иконите, што насилно ја отвориле, одзеле околу 3.000 денари по што ја напуштиле црквата.

Јосифовски додаде дека по извршениот увид се преземаат мерки и активности за целосното расветлување на случајот и за откривање на сторителите.

 
 
04.04.2016 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега