Мурињо селектор на Сирија

 

Фудбалскиот сојуз на Сирија е подготвен да го доведе Жозе Мурињо на клупата на репрезентацијата.

Мурињо е интересен за бројни клубови и репрезентации, а доби отказ од Челзи по девет порази во 16 натпревари оваа сезона во Премиер лигата.

Како што наведува порталот „Гол“, Фудбалскиот сојуз на Сирија ќе му понуди договор на Мурињо да ја предводи репрезентацијата.

„На состанокот на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Сирија, Рамадан, со предводниците на федерацијата, одлучено е на Жозе Мурињо да му понудиме место на клупата на репрезентацијата“, велат од Фудбалскиот сојуз на Сирија.

Претходно Мурињо беше интересен за Манчестер Јунајтед, како и да е, Луи ван Гал би можел да го предводи клубот наредната сезона.

 
 
04.04.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега