Тажна вест: Почина еден од најпознатите македонски бизнисмени
Владимир Ралев, еден од најголемите македонски бизнисмени во светот, филантроп, донатор и македонски патриот, почина вчера во Женева, на 84-годишна возраст, објави порталот Либертас.
Голем дел од својот работен век Ралев го помина во многу светски метрополи, а последните негови деловни активност беа на релациите Пакистан, Хонг Конг, Женева.
Роден е во 1934-та година во Гевгелија, завршил гимназија во Велес, а на Унивeрзитетот во Белград дипломирал историја на уметност и археологија, а потоа завршил и висока школа за трговија.
Во 1980-та година ја отворил својата прва компанија што се занимава со прозводство, маркетин и менаџмент, а подоцна прераснува во еден од наголемите производители на памук и памучно предиво, платно, печатено платно, обоено платно и др.
Во погоните на неговите компании во Пакистан и во Источна Африка се вработени пoвеќе од 200 работници, како и соодветен број високостручни кадри.
Напоредно со својот деловен ангажман Ралев ја афирмира Македонија, нејзината историја, положба и правата на македонците во соседството, како и позицијата на МПЦ.
Владимир Ралев беше и еден од најголемите македонски донатори за Македонците што живеат во соседните земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа