Пробиштип: Го фатиле на дело додека си ја полевал марихуаната

 

Полицијата вчера по претходно добиени оперативни сознанија за неовластени насади со марихуана на местото „Трски“, атар на с.Добреово, пробиштипско, на лице место затекна едно лице, јавува Курир. Дваесет и осум годишниот А.С. од Пробиштип бил фатен како носи пластична туба полна со непозната течност за полевање на насадите.

На лице место се пронајдени 15 корени со висина од 1,70 до 2 метри.

По целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

најчитано сега